Mакедонски | Macedonian

Mакедонски

Информации на македонски јазик

The Orange Door обезбедува помош и поддршка при семејно насилство, како и на семејствата на кои им треба поддршка за добросостојбата и развојот на децата.

Понекогаш има работи дома или во некоја врска кои не се добри, па ви треба помош и поддршка. The Orange Door е тука да ве слуша и да ви помогне поддршката што ви е потребна да ја добиете брзо и лесно.
Ако сте во непосредна опасност, јавете се на Три Нули (000).

The Orange Door може да помогне ако:

  • Ви треба помош како родител или ако сте загрижени за добросостојбата или развојот на дете или младо лице.
  • Некој кој ви е близок - на пример, вашиот партнер, бивш партнер, член на семејството или негувател - прави да сте исплашени или да не се чувствувате безбедни.
  • Ако сте дете или младо лице кое не се чувствува безбедно или дека за него не се води грижа.
  • Постои ризик вие да се однесувате насилнички или со наметнување контрола, или ако ви треба помош во врска со такво однесување дома или во врска.
  • Ако сте загрижени за безбедноста на некој кого го познавате.
  • Ако сте биле изложени на семејно насилство, вклучително однесување со наметнување на контрола - на пример, некој надгледува каде одите, кого посетувате или како ги трошите парите.

The Orange Door може да помогне со тоа што:

  • Ќе ве сослуша и слушне што ве загрижува.
  • Ќе соработува со вас во идентификувањето на помошта и поддршката што ви требаат.
  • Ќе ви даде поддршка за добросостојбата и развојот на деца и млади лица.
  • Ќе ви помогне да направите план за безбедност, со цел вие и вашите деца да останете безбедни.
  • Ќе ве поврзе со служби кои можат да помогнат - на пример со советување, сместување, поддршка при семејно насилство, служби за ментално здравје, дрога и алкохол, групи за поддршка на родители, детски служби, финансиска помош или правна помош.
  • Ќе ви помогне да дојдете до финансиски средства за основни животни расходи и други трошоци.
  • Ќе соработува со вас за да ви помогне да се смените ако се однесувате насилнички или наметнувате контрола дома или во врска.

Како може да пристапам на The Orange Door?

The Orange Door работи од 9 наутро до 5 попладне, од понеделник до петок (затворено на државни празници).

Пребарајте според локација или поштенски број(opens in a new window) за да најдете локална служба.

The Orange Door може да соработува со вас ако користите помагала за комуницирање или ви треба преведувач, вклучително за Auslan (знаковен јазик во Австралија).

Ми треба преведувач

Известете ја службата ако ви треба преведувач. Речете ѝ ги на службата:

  • вашиот телефонски број
  • кој јазик зборувате
  • кога е безбедно да ви се јават.

Преведувач ќе ви се јави подоцна.

Дали The Orange Door е служба за мене?

Во The Orange Door се добредојдени луѓе на секоја возраст, пол, сексуалност, култура и способност. Сите културни и верски определби се почитуваат. Речете му на службеникот ако повеќе сакате да работите со машки или женски службеник. The Orange Door соработува со мултикултурни служби, ЛГБТИ служби и со служби за попреченост за да ги задоволи различните потреби на поединци и на семејства. Персоналот ќе ви даде информации за опциите и ќе ве поврзе со службите што ви се потребни.

Ако сте доселеник или бегалец, или ако немате постојано жителство, ние можеме да ви помогнеме. Не се плашете да побарате поддршка поради вашиот доселенички статус. Ова е бесплатна услуга. Известете ги службениците на The Orange Door дали за вашата ситуација сакате да разговарате по телефон или лице во лице.

Каде да одам ако The Orange Door не е отворена?

Јавете се на следните служби вон работното време:

  • Men’s Referral Service на 1300 766 491 (8 наутро - 9 навечер, понеделник до петок, и 9 наутро - 6 навечер во сабота, недела и државни празници) (Советување, информации и упатување за мажи по телефон во врска со семејно насилство)
  • Safe Steps е служба за поддршка на жртвите на семејно насилство 1800 015 188 (24 часа дневно, 7 дена во неделата). Исто така може да пратите имејл на Safe Steps(opens in a new window) или да ја користите нивната услуга на поддршка со разговор во живо преку интернет(opens in a new window)
  • Линија за помош Victims of Crime (за сите жртви на криминал и возрасни машки жртви на домашно насилство) 1800 819 817 или текстуални пораки на 0427 767 891 (8 наутро - 11 навечер секој ден)
  • The Sexual Assault Crisis Line (Линија за кризна ситуација поради сексуален напад) е за жртви на сексуален напад 1800 806 292 (24 часа дневно, 7 дена во неделата)

Ако вие или некој друг е во непосредна опасност, јавете се на Три Нули (000) за итна помош.

Мислења и приватност

Мислења за вашето искуство со The Orange Door може да дадете со користење на онлајн образецот за повратни информации(opens in a new window) на orangedoor.vic.gov.au/feedback(opens in a new window) или јавете се на 1800 312 820 и побарајте да разговарате со вашиот службеник, надзорник или менаџер.

Вашата приватност ја сфаќаме сериозно. За информации како ќе ги користиме вашите податоци, ве молиме видете го нашиот правилник за приватност(opens in a new window).

Updated