The Orange Door

Macedonian - Македонски

Што е службата The Orange Door?  
The Orange Door е нов начин за пристап до услуги за жените, децата и младинците што се соочуваат со семејно насилство; и за семејствата на кои им треба поддршка а што одгледуваат деца или младинци.  
Не ви треба упат за да добиете помош и поддршка преку The Orange Door. 

Што може The Orange Door да направи за мене?  
Јавете се во The Orange Door: 
  • ако некој што ви е близок ве повредува, ве контролира или ве прави да се чувствувате исплашено, на пример, вашиот партнер, член на семејството, состанар или негувател  
  • ако имате тешкотии да ги одгледувате децата поради семејни расправии, парични проблеми, болест, зависност, тага или осаменост 
  • ако сте загрижени за безбедноста и добросостојбата на дете или на младинец   
  • ако сте загрижени за безбедноста на пријател или член на семејството.  
Ако сте доселеник или бегалeц, или ако немате постојано жителство, ние сепак можеме да ви помогнеме. Не плашете се да побарате поддршка поради вашиот доселенички статус. 
Услугите се бесплатни.   
Кажете им на службениците од The Orange Door дали сакате телефонски или физички пристап до службата за да разговарате за вашата ситуација.
 
Ми треба преведувач Кажете во службата ако ви треба преведувач. Кажете ги во службата: 
  • вашиот телефонски број 
  • вашиот јазик   
  • кога е безбедно да ви се јават.  
 Потоа ќе ви се јави преведувач.   
 
Дали службата The Orange Door е за мене? 
The Orange Door е отворена за луѓе од секоја возраст, пол, сексуална определба и способност. Се почитуваат сите културни и верски потреби. Известете го службеникот ако повеќе сакате да работите со службеник или службеничка.  
Службата The Orange Door соработува со мултикултурните служби, со службите за заедницата на хомосексуалци, лезбејки, бисексуалци, транссексуалци и интерсексуалци (LGBTI) и со службите за лица со онеспособеност за да ги задоволи разновидните потреби на поединците и на семејствата. 
Персоналот ќе ви даде информации за расположивите можности и ќе ве поврзе со услугите што ви се потребни. 
 
Каде се наоѓа The Orange Door? 
Појдете на www.orangedoor.vic.gov.au за да видите мапа на службата во вашето подрачје. 

Кога е отворена службата The Orange Door? 
Службата The Orange Door е отворена од 9 часот претпладне до 5 часот попладне, од понеделник до петок (не работи на државни празници).  

Каде треба да се обратам кога службата The Orange Door не е отворена?   
Јавете се во следните служби после работното време: 
  • Служба за упатување на мажи (Men’s Referral Service) на 1300 766 491 (8 ч. претпладне до 9 ч. навечер, од понеделник до петок, и од 9 ч. претпладне до 5 ч. попладне во сабота и недела) (Служба за советување, информации и упатување во врска со семејно насилство за мажи) 
  • Службата за поддршка при семејно насилство safe steps на 1800 015 188 (24 часа дневно, 7 дена неделно) е наменета за жени и деца што се жртви на семејно насилство 
  • Телефонска линија за помош на жртви на злосторство (Victims of Crime helpline) (за сите жртви на злосторство и за возрасни машки жртви на семејно насилство) 1800 819 817 (8 ч. претпладне до 11 ч. навечер, секој ден) 
  • Телефонската линија за помош во итен случај при сексуален напад (Sexual Assault Crisis Line) е наменета за жртви на сексуален напад 1800 806 292 (5 ч. попладне – 9 ч. претпладне, од понеделник до петок, 24 часа во викендите и на државните празници) 

Ако вие или некој друг се наоѓате во непосредна опасност, телефонирајте на три нули (000) за итна помош.